ММФ: Потругалија мора да продолжи со мерките за штедење
Краткорочните економски перспективи пред Португалија остануваат несигурни иако неодамна беше забележан напредок, соопштија од Меѓународниот монетарен фонд, повикувајќи ја земјата да се придржува на фискалните цели, додека започне јавната дебата за тоа како да биде распореден товарот на мерките за штедење, пренесоа светските агенции .
ММФ ја објави ваквата оценка, откако во средата одобри 838,8 милиони евра од спасувачкиот финансиски пакет за земјата. Европската унија и ММФ одобрија спасувачка помош во вредност од 78 милијарди евра за Португалија во 2011 година. Според експертите на Фондот го нотира големиот напор на Португалија кој резултирал со значителен напредок во фискалната област и во спроведувањето на структурните реформи.
Институцијата советува Португалија да најде баланс помеѓу фискалниот консолидирање и мерките за поддршка на растот, а истовремено бара широк консензус за намалување на социјалните трошоци. Политичкиот и социјалниот консензус можат да ослабат дополнително, што значи и дека ќе се поткопа способноста на владата да го одржува курсот на фискални приспособувања и структурна адаптација, предупредуваат од ММФ.
Буџетските намалувања, извршени од страна на Владата, предизвикаа низа протести во Португалија, каде се гледаат како пречка за економијата и како причина за зголемувањето на сиромаштијата. ЕУ, ММФ и Европската централна банка сакаат Лисабон да го намали до 4,5% буџетскиот дефицит, кој достигна 5,6% од БДП во првите девет месеци од 2012 година.
Слично
