Економија, финансии, бизнис

Контакт

ММФ одобри транша од 1,7 милијарди долари за Украина

ММФ одобри транша од 1,7 милијарди долари за Украина

Меѓународниот монетарен фонд одобри транша од 1,7 милијарди долари за Украина, соопшти украинскиот претседател Петро Порошенко, цитиран од украинските медиуми.

"Како резултат на поддршката за реформите и констатацијата дека претседателот, парламентот и владата ги применуваат овие реформи, како и дека тие целосно одговараат на бараната програма, Украина доби 1.7 милијарди долари од ММФ." - коментира Порошенко.

Траншата е втора од почетокот на годината, откако во март ММФ и додели на земјата 5 милијарди долари.

Програмата за заздравување на украинската економија е четиригодишна. Предвидено е за време на нејзиното спроведување Фондот да му помогне на Киев со вкупен износ од 17,5 милијарди долари.

На крајот на месец мај ММФ предвидува 9-процентен пад на украинската економија. Како главен дестабилизирачки фактор се наведува тековниот конфликт во источниот дел на земјата.

Слично

Поврзани вести