Економија, финансии, бизнис

Контакт

ММФ одобри четврта транша за БиХ

ММФ одобри четврта транша за БиХ
Меѓународниот монетарен фонд го финализираше четвртиот преглед по одобрениот стенд-бај аранжман за Босна и Херцеговина. Според соопштението на  ММФ, финализацијата на прегледот овозможува исплата на износ од околу 47,5 милиони евра, јавуваат медиумите во БиХ. “И покрај предизвикувачкото опкружување, се остварува напредок во исполнување на целите на програмата. Сите квантитативни критериуми за извршување поставени до крајот на јуни се исполнети, а прогрес се остварува и во почитување на структурални одредби”, се наведува во соопштението. Вкупниот износ на одобрените транши во рамките на стенд – бај аранжманот изнесува 237 милиони евра. Стенд – бај аранжманот за БиХ е одобрен во јули 2012 година.
Слично

Поврзани вести