Економија, финансии, бизнис

Контакт

ММФ: Нема опасност од примена на кипарскиот план во други земји

ММФ: Нема опасност од примена на кипарскиот план во други земји
Kонтроверзниот план за оданочување депозити во кипарските банки за спас на банкарскиот систем, според  ММФ е скроен замо за Купар и нма опасност тој да се примени на други земји. Ваквите изјави следат по загриженоста дека штедачите во другите европски земји, посебно во Шпанија и Италија, би можеле да бидат оштетени во случај на банкрот на банките. Според  портпаролот на ММФ Гери Рајс, случајот Кипар е „многу сложен и единствен по својата природа“. „Тешко беше да се примени овој план на остатокот од Европа или светот,“ нагласи Рајс. Штедачите со повеќе од 100.000 евра во двете најголеми кипарски банки, кои се на работ на колапс, се соочени со голема парична загуба, бидејќи Владата настојува да собере средства за спас на банките. Оданочувањето на банкарските сметки на Кипар е услов за добивање мегународна помош од 10 милијарди евра за островот.
Слично

Поврзани вести