Економија, финансии, бизнис

Контакт

ММФ: Нема опасност од монетарна војна, но треба да се внимава

ММФ: Нема опасност од монетарна војна, но треба да се внимава

Според Меѓународниот монетарен фонд, стравувањата за скорешна монетарна војна биле пренагласени.

„Нашата оценка покажува дека нема значителни разлики меѓу курсевите на референтните валути“, велат од ММФ, но и покрај тоа им порачаа на министрите од Г-20 да ја држат под око оваа тема.

Претходно со свој став излезе и претседателот на Европската централна банка, Марио Драги кој посочи дека иако еврото во изминатите три месеци зајакна за 20 отсто во однос на јенот, светот е далеку од монетарна војна.
Слично

Поврзани вести