ММФ: На Германија и требаат реформи заради стареењето на населениe
Германското население старее и потенцијалниот раст се намалува, пишува ММФ во својот последен извештај за Германија.
Се забележува дека земјата како „шампион" по препораки за структурни реформи исто така има потреба од реформи кои не се колеба да ги препорачува на своите европски соседи, соопштува АФП.
Според прогнозите во 2020 година работната сила во Германија ќе почне да се намалува и ќе продолжи со забрзано темпо, кога миграцискиот бран ќе се стабилизира, заканувајќи се долгорочно на отпорноста на системот на социјално осигурување и јавните финансии, како целина, предупредува ММФ. Покрај јавните инвестиции во транспортот и телекомуникациите, како и зголемената конкуренција во услужниот сектор, стареењето на населението бара итно внимание. За да се најде решение, ММФ предлага серија мерки како поттикнување на вработувањето на жени, зголемувањето на инвестициите во учењето на мигрантите, повеќе од еден милион кои дошле во Германија во 2015 година, зголемување уште на возраста за пензионирање.
„Возраста за пензионирање на Германците е во просек 62.5 години, што е ниска возраст во споредба со меѓународната норма" - пишува ММФ.
Меѓународната институција смета дека возраста за пензионирање може да се зголеми над 67 година во 2029 година.
