Економија, финансии, бизнис

Контакт

ММФ: На економиите во развој им се заканува забавување, ако Fed ја затегне монетарната политика

ММФ: На економиите во развој им се заканува забавување, ако Fed ја затегне монетарната политика
Равиените економии на чело со CАД постепено ќе ја преземаат улогата на мотор на светскиот економски раст, додека на економиите во развој им се заканува забавување ако американската Централна банка ја затегне монетарната политика, предупредува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Во белешката која ја објави Ројтерс, а која претставува составен дел на подготовките на сите водечки развиени и економии во развој на самитот Г20 во Cанкт Петерсбург, ММФ побарал, на меѓународно ниво, да се засилат напорите, како би се заживеал економскиот раст и би се подобрило управувањето со ризиците. Во последно време, во прв план, истапиле одредени ризици кои би можеле да го закочат растот, предупредуваат од ММФ. Економиите во развој особено се ранливи на можното намалување на американските монетарни потстреци, па од ММФ препорачуваат, нивните челници да бидат подготвени да се носат со појачувањето на финансиската нестабилност. „Официјалните лица би требале да им допуштат на валутните текови да реагираат на промените на основните показатели, но можеби ќе мораат да воспостават инструменти на заштита од ризик од неконтролирани прилагодувања, како би се пригушиле прекумерните осцилации“ - толкуваат во ММФ  
Слично

Поврзани вести