Економија, финансии, бизнис

Контакт

ММФ и одобри заем од 33.8 милијарди долари на Полска

ММФ и одобри заем од 33.8 милијарди долари на Полска
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри кредит на Полска во висина од 33.8 милијарди долари. Средствата ќе бидат доделени во период од 2 година во рамките на флексибилна кредитна линија, истакнуваат од ММФ. Тоа значи дека заемопримачот не е обврзан да ја искористи целата сума, а може да ја троши на делови во зависност од своите потреби. Полската влада соопшти дека го разгледува кредитот како гаранција за безбедноста и засега не планира да троши доделените пари од ММФ. Варшава сака да има свежи пари под рака, во случај на продлабочување на светската економска криза, пренесоа полеските медиуми. „И покрај солидната економска основа на Полска, клучен проблем за земјата останува зголемен ризик за платниот биланс", изјави првиот заменик директор на ММФ, Дејвид Липтан. Тој додаде дека новите економски услови може да ја направат Варшава ранлива пред надворешните шокови. „Исплатата на новиот кредит ќе ја зајакне заштитата на земјата од зголемени надворешни ризици, ќе помогне да се зачува довербата на пазарот и ќе биде потпора на вкупната макроекономска стратегија на полската Влада", додаде Липтан.
Слично

Поврзани вести