ММФ и Европската комисија бараат штедење, Франција си тера по свое
Француската влада останува при планот за сведување на јавниот дефицит од 4,5 на 3 отсто од БДП, наспроти препораките на ММФ и Европската комисија да ги преиспита зацртаните цели на економската политика за следната година.
Шефот на мисијата на ММФ за Франција Едвард Гарднер во Вашингтон испрати порака до Франција, заедно со своите европски партнери да го преиспитаат планот на владата за сведување на дефицитот на 3 отсто од БДП во 2013 година, сметајќи го за нереален бидејќи францускиот стопански раст според оценката на оваа институција ќе биде помал од предвидените 0,8 отсто.
Слично
