Економија, финансии, бизнис

Контакт

ММФ и Бразил се советуваат за прислушувањето на САД

ММФ и Бразил се советуваат за прислушувањето на САД
Бразил свика итен состанок на Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд , за да дискутираат за извештаите дека САД ја шпионирале институцијата , соопшти претставникот на земјата во ММФ , пренесе од AFP . " Средбата се одржа по мое инсистирање ... Јас побарав да добиеме некакви објаснувања " , изјави бразилскиот извршен директор во ММФ, Паоло Ногуеира Батиста . Во исто време, тој одби да открие детали од дискусиите на состанокот, повикувајќи се на обврската на директори, дискусиите да останат доверливи. Сепак, оваа средба е првиот јавен знак дека институцијата е незадоволна од извештаите дека Агенцијата за национална безбедност на САД ги шпионирала, како своите сојузници , така и противниците во ММФ и во Светската банка .
Слично

Поврзани вести