Економија, финансии, бизнис

Контакт

ММФ ги намали прогнозите за раст на светската економија

ММФ ги намали прогнозите за раст на светската економија
Украинската криза и забавувањето на растот на големите економии во развој се главни причини заради кои Меѓународниот монетарен фонд ги намали проекциите за растот на глобалната економија. Според оценките на ММФ, светската економија годинава ќе порасне за 3,6%, а догодина за 3,9%. Растот ќе го рпедводат двете најголеми светски економии - САД и Кина. Ваквите прогнози се за 0,1% пониски во однос на јануарската проекција, која беше направена пред радикализацијата на кризата во Украина и припојувањето на полуостровот Крим кон Русија. Заради овие причини и воведените економски санкции намалени се прогнозите и за економски раст на Русија, па така ММФ прогнозира дека рускиот БДП годинава ќе расте само 1,3%,  а не 1,9% како што предвидуваше претходно. Сериозното забавување на економиите во подем, вклучувајќи ги и Бразил, Јужноафриканската Република и Турција, исто така ќе имаат негативно влијание на светската економија, смета ММФ. Фондот ја намали проекцијата за растот на овие земји за 0,2% на 4,9 проценти годинава. Од друга страна, економијата на еврозоната гзаздравува и годинава ќе порасне за 1,2%, процени ММФ. Оваа прогноза е повисока од претходно очекуваниот 1 процент, додека за следната година за еврозоната се очекува раст од 1,5%. „Иако еврозоната излезе од рецесија, сепак и натаму и се закануваат бројни ризици“, проценува ММФ, а како пример ги наведува високата невработеност, растот на јавниот долг и заострените услови за кредитирање. Фондот препорачува и дополнително олабавување на монетарната политика во еврозоната за да се избегне се поголемиот ризик од дефлација.
Слично

Поврзани вести