Младо момче подготвувало напад во Франција
Во Франција денеска е уапсен малолетник на возраст од 15 години затоа што подготвувал терористичка напад.
Тој е осомничен бидејќи контактирал со Рашид Касим, член на „Исламска држава“ и осомничен за неколку терористички напади кои се случиле во Франција во последните неколку месеци.
Изминатите неколку денови, француската полиција уапси неколку малолетници кои биле во контакт со Касим.
Министерот за внатрешни работи на Франција, Бернар Казнев денеска соопшти дека имаат исклучително ниво на мобилизација.
Премиерот на Франција, Мануел Валс, во неделата изјави дека заканата од терористички напади во Франција е максимална.
Слично
