Економија, финансии, бизнис

Контакт

Младите во Белгија ќе гласаат со навршени 16 години?

Младите во Белгија ќе гласаат со навршени 16 години?

Можно е младите лица на возраст од 16 години да гласаат на избори во регион во Белгија. Во Фламанскиот регион е предложено намалување на возраста за гласање на 16 години на локалните избори, јавува Анадолија. Десничарската партија Н-ВА е против предлогот на социјалистите.

Предлогот доставен до Регионалниот совет од страна на Социјалистичката партија на Вооруит се планира да биде разгледан во наредните недели. Се очекува одлуката за овој предлог да биде донесена пред летото, со цел навремена подготовка за локалните избори кои ќе се одржат во октомври 2024 година.

Возрасната граница за гласање на изборите за Европскиот парламент во Белгија лани е намалена на 16 години. Шеснаесетгодишниците ќе можат да гласаат на изборите за Европскиот парламент во 2024 година.

Слично

Поврзани вести