Економија, финансии, бизнис

Контакт

Младите го направија својот избор – сакаат живот во Германија

Младите го направија својот избор – сакаат живот во Германија

Во 2015 година земјата се покажа како најпосакувана за Европејците.

Во Федералната служба за миграција и бегалци пријавени се над 685 000 новорегистрираните Европејци. Најмногу се од Романија (174 779) и од Полска (147 910).

На трето место се Бугарите и според мониторингот во 2015 година нивниот број се зголемил за 14% - од 63 140 во 2014 година на 71 709 во 2015 година.

Најмногу од младите се на возраст меѓу 25 и 35 години (19 129). Потоа се од оние во активна работна возраст  од 35 до 45 години или  15 928 лица.

Според извештајот вкупниот број на Бугарите во Германија е околу 227 000 луѓе. Тие се шестата по големина група граѓани на ЕУ во Германија. Најмногу се Полјаците, а потоа следат Италијанците, Романците, Грците и Хрватите.

Слично

Поврзани вести