Економија, финансии, бизнис

Контакт

Младите Французи ќе учат преживување на терористички напад

Младите Французи ќе учат преживување на терористички напад

Од стартот на новата учебна година, учениците во Франција ќе имаат нов предмет – преживување терористички напад.

Француските ученици ќе прават  вежби за да научат што треба да сторат во случај на терористички напад. Тие досега во училиштата добиваа совети во брошури.

Силните безбедносни мерки и натаму се во сила во Франција, а дополнувањето на образовната програма е само една од новите мерки, објави денеска хрватски Индекс.

По последниот голем напад во Франција, кога терорист во камион прегази и уби десетици луѓе во Ница, безбедносните мерки во земјата  се подигнати на највисоко ниво. Освен построгиот надзор на образовните и верски установи, ова лето во Париз затворени се и летните кина и голем број манифестации на отворено.

Голем терористички напад лани имаше во Париз при што беа нападнати луѓе во ресторан, концертна сала и други локации во француската престолнина.

Слично

Поврзани вести