Младите Американци: Подобро Земјата да ја удри метеор, отколку да гласаме за Трамп или Клинтон
Младите Американци се толку незадоволни од предложениот избор на овие претседателски избори дека приближно еден на секои четири, во анкета на јавното мислење, вели дека претпочита огромен метеор да ја уништи Земјата, отколку да ги види Доналд Трамп или Хилари Клинтон во Белата куќа, пренесе Ројтерс.
Благо ироничното прашање е поставено со цел да се измери нивото на незадоволство меѓу младите Американци за нивниот избор на 8 ноември, вели Џошуа Дик, директор на Центарот за јавно мислење при Универзитетот на Масачусетс, кој ја спровел анкетата заедно со „Одисеј Милениалс“.
Според последните анкети спроведени во САД, сепак кандидатката на демократите има значителна предност пред кандидатот за претседател на Републиканците
