Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЛАДИ НЕВАКЦИНИРАНИ ЗАВРШУВААТ ВО БОЛНИЦА: Шпанија пак ги отвора ковид-центрите

МЛАДИ НЕВАКЦИНИРАНИ ЗАВРШУВААТ ВО БОЛНИЦА: Шпанија пак ги отвора ковид-центрите

Шпанските здравствени власти повторно се соочуваат со проблеми поради забрзаната трансмисија на делта варијантата на корона вирусот. Најголемиот број новозаразени се млади луѓе кои не се вакцинирани, но загрижува и фактот што во Каталонија се зголемува и бројот на лица на кои им е потребно болничко лекување.

Заради двојно зголемен број на пациенти во споредба со крајот на јуни,шпанските здравствени власти повторно ги отвораат одделенијата за интензивна нега.

Стапката на инциденца кај невакцинираните е до 20 пати поголема од онаа на вакцинираните лица, предупредуваат здравствените власти во Шпанија, нагласувајќи дека ваквиот тренд претставува ризик и за останатиот дел од населението.

По укажувањата на научниците дека делта варијантата ги напаѓа невакцинираните кои се огромен процент, дел од европските земји повторно ги враќаат рестриктивните анти-ковид мерки.


Слично

Поврзани вести