Економија, финансии, бизнис

Контакт

Млади нападнаа со нож деца бегалци во Германија

Млади нападнаа со нож деца бегалци во Германија

Група млади во Источна Германија нападнале синоќа три сириски деца бегалци со нож и ги удрале по што почнале да скандираат десничарски слогани. 

Ова го соопшти денеска полицијата, цитирана од агенциите.

Момчињата бегалци, на пет, осум и единаесет години, слегувале од автобус во градот Зебниц, на околу 40 километри источно од Дрезден, кога биле нападнати.

Портпаролот на полицијата не можеше да ја потврди националноста на напаѓачите.

Полицијата пронашла неколку млади на возраст меѓу 15 и 20 години во близина на местото на инцидентот, но не е разјаснето дали тие се вмешани.

Оваа и минатата година Германија прими 1,1 милиони мигранти. Тоа ги растревожи некои Германци, кои сметаат дека нивната земја е преплавена од странци со различна култура и религија, забележуваат агенциите.

По минатогодишниот бран мигранти поддршката за антиимигрантските партија "Алтернатива за Германија" порасна, особено во источните провинции, каде невработеноста е повисока од онаа во западниот дел на земјата.


Слично

Поврзани вести