Економија, финансии, бизнис

Контакт

Млади експерти “бегаат“ на работа во Русија

Млади експерти “бегаат“ на работа во Русија
Расте бројот на работници  кои  за своја работна дестинација ја одбираат Русија. Млади експерти од ЕУ и САД свесно ја одбираат оваа земја со цел да постигнат поголемо работно искуство и убав живот. Според податоците на агенциите млади луѓе  од Моладвија се подготвени да работат секаков вид на работа, дури и таква за која не е потребно високи квалификации. Добро образованите пак кои потекнуваат од Европа или Америка не се заинтересирани за вработувања како комунални работници, на пример чистење на снег, двор или пак не сакаат да бидат дел ниту од уличната продажба. Тие сакаат високи приходи, добри плати, а во Русија можат да ги најдат. Рускиот пазар неочекувано стана многу привлечен и за самите Руси. Во оваа земја менаџерите од среден и повисок ранг заработуваат повеќе од оние кои се на истата позиција во Европа и Америка. -Странските експерти доаѓаат, не обраќаат внимание на тоа што плаќаат повисоки даноци од самите Руси, изјавил руски работодавец. Русија се обидува да ја намали зависноста на својата економија од енергетските и индустриските суровини и да развие високотехнолошки сектор. Во изградба се и нови технопаркови, иновациони центри. И во овие сегменти исто така им се потребни странски експерти.  
Слично

Поврзани вести