Економија, финансии, бизнис

Контакт

Млада Турчинка доставила помош во погодените подрачја по што загинала во сообраќајка

Млада Турчинка доставила помош во погодените подрачја по што загинала во сообраќајка

Доставила помош за погодените од земјотресот, а потоа загинала во сообраќајка. 

Ваква судбина доживеа Турчинката Дилај Чевиз од Измир. Имаше 33 години. Комбето кое го возел Серхат К., удрило во бариерите и излетало од патот. Возачот од засега непознати причини изгубил контрола над возилото. Двајца нејзини пријатели, кои биле во истото возило, се повредени, објави „Милијт“. Дилај Чевиз со своите пријатели од Измир во саботата вечерта тргнала да ја собере хуманитарната помош и заедно со членовите на хуманитарната организација во која членувала им ја доставила на луѓето во погодените подрачја.  Во силните земјотреси во Турција и соседната Сирија загинаа 40.000 луѓе.  50.576 згради се урнати или сериозно оштетени по двата разорни земјотреси минатата недела, јави ДПА.

Слично

Поврзани вести