Млада мајка си го фрлила бебето во контејнер, камерата ја фатила на дело: Осудена е на 16 години затвор
Млада мајка од Ново Мексико, која минатата година го фрли своето новороденче во контејнер за ѓубре, е осудена на 16 години затвор.
Поротата ja осуди Алексис Авила (19) за обид за убиство и злоупотреба на деца.
На 7 јануари 2022 година, минувачи го пронашле бебето во контејнер во Хобс, град со околу 40.000 жители, но за среќа бебето преживеало.
Авила, која тогаш имала 18 години, ѝ рекла на полицијата дека не знаела дека е бремена до ден пред да се породи.
- Знам дека тоа што го направив беше погрешно и единствената личност на која навистина треба да и се извинам е моето дете - изјавила Авила вчера пред судот, а пренесува NBC News.
Надзорната снимка од 7 јануари покажува како жена се крева на паркинг и фрла црна кеса во контејнер.
Наводно, Авила на полицијата и рекла дека „ја фатила паника“ кога се породила само еден ден откако дознала дека е бремена.
Авила им кажа на инспекторите дека не знаела дека е бремена до 6 јануари, кога побарала лекарска помош поради болки во стомакот и запек, изјави во понеделникот началникот на полицијата Аугуст Фонс.
Според неговите зборови, следниот ден Авила почнала да чувствува уште посилни стомачни болки, а потоа се породила.
- Таа рече дека „ја фати паника и не знае што да прави или кого да повика“, па ја пресече папочната врвца, го завитка бебето во валкана крпа и го стави во кеса за ѓубре - рече Фонс.
После тоа возела околу еден час, пред да реши да го фрли бебето во контејнер.
Три лица го пронашле бебето околу шест часа подоцна. Имено, двајца мажи и една жена копале во контејнерот во потрага по нешто вредно, кога слушнале нешто како детски плач.
Ја извадиле торбата од контејнерот мислејќи дека има куче или мачка, но внатре пронашле бебе. Веднаш повикале полиција.
Шефот на полицијата се заблагодари на нивната брза реакција, велејќи дека тоа е од суштинско значење за да се спаси животот на бебето.
Фото: Принтскрин/Фејсбук