Економија, финансии, бизнис

Контакт

Млад човек ја убил и ја јадел својата мајка

Млад човек ја убил и ја јадел својата мајка

Шпанецот Алберто Санчез Гомез (28) кој ја уби и изеде својата мајка доби 15 години затвор. 

Toj е уапсен во 2019 година откако полицијата пронајде остатоци од човечки труп во куќата на мајка му. Дел од нив биле во пластични садови за храна.

Санчез рече дека за време на убиството имал психотична епизода, но судот ги отфрли неговите аргументи.  Нему му е наредено да му исплати 60.000 евра отштета на неговиот брат, пишува Би-би-си.

Пријател на Марија Соледад Гомез (60) ја контактирал полицијата во февруари 2019 година, изјавувајќи дека е загрижен дека таа не е добро. Потоа се открило дека станува збор за убиство. 

Медиумите пишуваат дека младиот човек веќе и бил познат на полицијата поради насилство врз неговата мајка и дека имал забрана за пристап.

Слично

Поврзани вести