Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЈАНМАР УШТЕ СЕ ТРЕСЕ: Имало дури 81 земјотрес

МЈАНМАР УШТЕ СЕ ТРЕСЕ: Имало дури 81 земјотрес

Во Мјанмар се регистрирани 81 последователен потрес, од кои најсилниот бил со јачина од 7.5 степени. 

Од 28 март досега имало толку потреси, а најслабиот бил со јачина од 2.8 степени. 

Бројот на загинатите се искачи на 3.354, додека 4.850 лица се повредени, а 220 се водат како исчезнати. 

Осум дена по силниот земјотрес во Мјанмар, на голем дел од населението итно му е потребна помош. Но, таа очигледно се дистрибуира нееднакво од владејачката воена хунта. 

Во 2021 година, војската ја собори избраната влада предводена од нобеловката Аунг Сан Су Чи. Во граѓанската војнa потоа над три милиони луѓе се раселени. Обезбедувањето на здравствена заштита се одвиваше тешко и пред земјотресот на 28 март. 

foto EPA

Слично

Поврзани вести