Мјанмар: Најмалку 21 загинат во бродолом
Ферибот кој пренесуваше над 200 патници потона во водите на Индискиот Океан крај западниот брег на Мјанмар. Од патниците, 26 се водат како исчезнати, додека најмалку 21 лице загинаа.
„Имаме 21 жртва. Двајца мажи и 19 жени. Други 26 патници се исчезнати“, изјави претставник на мјанмарската полиција.
Властите на Мјанмар соопштија дека во сојузната држава Ракин се спасени 167 патници кои моментално се наоѓаат на безбедно. Тие исто така соопштија дека сите патници на бродот се државјани на Мјанмар.
Слично
