„Мицубиши“ продаде фабрика за 1 евро и спаси 1500 вработени!
Јапонскиот произведувач на автомобили „Мицубиши Моторс“соопшти дека ја продаде за 1 евро својата фабрика за склопување на автомобили во Холандија, пренесоа агенциите. Со оваа зделка на компанијата и се отпишани загуби од 25.1 милијарди јени (околу 299 милиони долари).
Фабриката Мицубиши ја купи за симболична цена, секако со сите долгови, локалната компанија „VDL“, која има намера таму да произведува германски автомобили БМВ по лиценца.Како главен услов за продажба ма фабриката за 1 евро беше да бидат задржани сите 1500 работници кои работат во неа. Инаку во „Мицубиши Моторс“ се произведуваат малолитражни возила и автомобили 4х4, кои тешко се продаваа Западна Европа, која се бори со кризата.
Сега јапонската компанија планира да го запре производството во Европа и да се префрли на нови пазари. Мицубиши планира да започне производство во Тајланд и да ја прошири својата дејност во Русија.
Слично
