Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мистериозна смрт на познатиот шеик: Многумина тврдат дека починал од многу дрога, алкохол и оргии!

Мистериозна смрт на познатиот шеик: Многумина тврдат дека починал од многу дрога, алкохол и оргии!

Шеикот Рашид бин Мухамед бин Рашин Ал Мактум, починал во саботата попладне. Погребот е одржан на гробиштата Ун Хураир, а молитвата ја предводел неговиот татко, Шеикот Мухамед бин Рашин Ал Мактум, кој е заменик претседател и премиер на Обединетите Арапски Емирати и владар на Дубаи. Меѓутоа, неговата мистериозна смрт сега е тема во многу медиуми.

Официјалната верзија за неговата смрт е срцев удар, но разни медиуми нагласуваат дека на младиот Рашид најверојатно му пресудиле дрогата, алкохолот и стероидите. Наследникот веќе некое време не се појавувал во јавноста, а за тоа време се негодувало дека се лечи од зависност. Медиумите во Ениратите не пишувале за такви работи, но затоа во Саудиска Арабија развиле разни теории, посебно за оргиите меѓу богаташите во ОАЕ каде дрогата се расипувала во огромни количини. Принцот, наводно бил, голем љубител на забави од ваков тип.

-Денес го изгубив најдобриот пријател и другар од детството ... својот брат Рашид ...Ќе ни недостигаш -објавил фотографија со текст на Инстаграм Шеикот брат на Рашид, Шеикот Хамдан бин Мухамед и со тоа му оддал почит на својот брат.

Стотина членови на семејството и пријателите, како и државни претставници се собрале внатре во џамијата Забеел во Дубаи како би му оддале последна почит на владарскиот син. Неговото тело завиткано во знамето на ОАЕ , го носеле неговите браќа. Знамињата ширум земјата се наоѓаат на пола копје, целата земја минува низ тридневна жалост.

Блискоисточните водачи, меѓу кои се и кралот Салман бин Абдулазиз Ал Сауд од Саудиска Арабија и египтскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, изразиле сочуство на шеикот Мухамед кој е една од највлијателните личности во регионот.

По завршувањето на школувањето во Дубаи, Шеикот Рашид дипломирал во воената академија во Сандхурс во Беркшир во 2002 г. Познат по својата љубов кон книгите, принцот освоил два златни медали во јавање во трките на издржливост на азиската Олимпијада во 2006 година.

Како страствен спортист , основач е на спортскиот и културен клуб во Дубаи, со кој претседавал до 2005г. Има допринос во хуманитарната организација  “Dubai Cares” (Дубаи се грижи), која се бори против сиромаштијата на семејствата со деца.

 
Слично

Поврзани вести