Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) МИСТЕРИОЗЕН КУПУВАЧ НА КУЌАТА НА ТРАМП: Погледнете ја цената!

(ВИДЕО) МИСТЕРИОЗЕН КУПУВАЧ НА КУЌАТА НА ТРАМП: Погледнете ја цената!

Куќата во Квинс во Њујорк каде претседателот на САД, Доналд Трамп го поминал детството е продадена на непознат купувач за 2.14 милиони долари, што е одлична цена за тој кварт. 


Татко му Фред во 1940 година ја изградил куќата и таму Трамп поминал 4 години од својот живот, а оваа адреса е запишана во неговиот извод. 

Оваа куќа на два ката украсена со црвена цигла е продадена за 54% повисока цена од онаа што била понудена во декември. 

Во септември во една телевизиска емисија, Трамп кажа дека му е жал што куќата е на продажба. 

„Сакам да ја купам“ - рече Трамп. 

Од агенцијата која ја организираше аукцијата не го открија идентитетот на купувачот, но рекоа дека тоа не значи дека не е Трамп лично. 

Куќата има 186 квадрати, 5 спални соби и 5 бањи. 

Слично

Поврзани вести