Мистеријата се расплеткува: Пронајденото крило е од исчезнатиот малезиски авион MH370
Француски и малезиски експерти денеска почнаа да го испитуваат делот од авионското крило за кое многумина веруваат дека би можело да биде првата опиплива трага за судбината на исчезнатиот авион „Малезија ерлајнс“ на летот 370.
Делот од крилото на авионот кое е најдено на островот Реунион, малезискиот премиер Наџиб Разак потврди дека е од исчезнатиот малезиски авион MH370 пренесе пред неколку минути Би-Би-Си.
Разак рекол дека меѓународни експерти ги испитувале остатоците во Францијаи "убедливо потврди дека" крилото е од авионот MH370.
Металниот дел беше пронајден како што споменавме на островот Реунионво индискиот океан пред неколку дена благодарение на фотографиите кои ги испрати еден жител на островот.
Авионот на малезиската авиокомпнија исчезна од радарот во март минатата година со 239 патници и членови на екипажот, на летот од Куала Лампур до Пекинг.
Г-дин Разак истакна дека "бремето и неизвесноста со кои се соочуваат семејствата" 515 дена од исчезнувањето на авионот биле "неописливи".
