Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИСТЕРИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: Службеник тврди дека е сигурен дека Ким е починат

МИСТЕРИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: Службеник тврди дека е сигурен дека Ким е починат

Продолжува мистеријата за тоа каде е и што се случува со севернокорејскиот лидер, Ким Јонг Ун. 

Ји Сеонг-хо, кој побегнал од државата и станал пратеник во јужнокорејскиот парламент, вели дека е 99 проценти сигурен дека  Ким е починат и дека власта ќе ја преземе неговата сестра.

Ји навел дека е известен дека Ким починал пред една недела и дека Пјонгјанг таа вест би можел да ја објави во текот на викендот. 

Вели дека можно е истовремено да биде објавено дека за наследник на Ким ќе биде избрана неговата сестра Ким Јо-Јонг.

Изјавил дека Северна Кореја не ја соопштила веднаш веста за смртта бидејќи се соочува со комплицираното прашање за сукцесија.

Ким не се појавил во јавност од 11-ти април кога претседавал на состанокот на Политбирото на владејачката Работничка партија.

Тој не присуствувал на прославата на роденденот на Ким Ил Сунг, 15-ти април, кој е најважен национален празник.

Вчера се појавија информации во медиумите дека е „фатен“ со сателитски снимки на јахта. 

Лидерот има 36 години. 

Слично

Поврзани вести