Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мистеријата продолжува: 1 година од исчезнувањето на малезискиот авион MH370

Мистеријата продолжува: 1 година од исчезнувањето на малезискиот авион MH370

На 8 март се навршува една година од исчезнувањето на малезискиот авион МН370.

Околу 600 вработени на малезиската авиокомпанија, како и роднини на членовите на екипажот на мистериозно исчезнатиот леталото учествуваа во церемонијата во Куала Лумпур по повод годишнината од трагедијата.

Раководството на авиопревозникот им се заблагодари на сите волонтери кои помагаа во едногодишното пронаоѓање на леталото.

Малезиските власти велат дека не планираат никакви големи комеморативни настани.

„Сега не е време за церемонии, бидејќи потрагата продолжува“, појасни министерот за транспорт Лиоу Тионг лаи.

Премиерот на Малезија Наджиб Разак изјави дека надежта авионот да биде пронајден сeуште е жива.

„Ние и нашите странски партнери ги истраживме и најмалите материјални траги. Малезија гае надеж дека летот MH370 ќе биде локализиран, рече тој.

„Боинг 777“, кој леташе MH370 по маршрутата Куала Лумпур - Пекинг, во ноќта на 8 март 2014 година исчезна од екраните на радарите околу два часа по полетувањето. Во него имаше 227 патници и 12 члена на екипажот. Властите официјално ги прогласија за загинати. Потрагата се води во акваторијата на Индискиот Океан, каде што веќе се разгледани десетици илјади квадратни километри, но не се откриени траги од авионот.

Слично

Поврзани вести