Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИСТЕРИЈАТА ОТКРИЕНА: Кој е мажот со жици кој се шеташе во Брисел?

МИСТЕРИЈАТА ОТКРИЕНА: Кој е мажот со жици кој се шеташе во Брисел?

Сигналот за бомба во центарот на Брисел бил лажен.

Големата полициска операција која траеше цело попладне  е завршена.

Сомнителниот маж е студент по нуклеарна физика на универзитетот во Брисел.

„Тоа било мерење на нивоата на радијација во белгиската престолнина. Сè е под контрола"- изјави портпаролката на полицијата.

Човекот имал жици на палтото, по што полицијата не смеела да интервенира, туку го држела на растојание.

„Добивме повик за човек кој се држи сомнително. Човек со голем зимски капут на овие температури е многу сомнителен"- коментираат властите.

Денешниот инцидент се случи крај библиотеката, во близина на Кралската опера „Моне" и траеше околу четири часа, бидејќи мажот на почетокот одбил да ги слуша наредбите на полицајците.

Во пресрет на националниот празник 21 јули, Белгија е во потрага по евентуални закани за безбедноста.

Властите ќе ги зајакнат мерките за безбедност, но не планираат да ги откажат планираните за утре прослави, огномет, балови и воена парада.

Слично

Поврзани вести