Мистеријата на МХ370: Пет месеци по исчезнувањето, украдени пари од сметките на малезиските патници
Банка во Куала Лумпур забележала дека се извршени сомнителни трансакции од сметките на неколкумина исчезнати патници во авионот МХ370 на Малезија Ерлајнс. Над 25.000 евра од сметките на тројца патници биле префрлени на сметка на четврти патник, по што биле повлечени од неколку банкомати.
Како што јавуваат од полицијата, парите биле украдени на 18 јули, а полициската истрага е во тек.
Потрагата за исчезнатиот малезиски авион на летот Куала Лумпур-Пекинг трае веќе пет месеци и досега се смета за најскапа потрага во историјата на авијацијата. Во потрагата се вклучи и приватна холандска компанија, која пребарува 60.000 квадратни километри во Индискиот Океан.
Боингот од летот МХ 370 мистериозно исчезна во март, заедно со сите 239 патници и членови на екипажот и до денеска нема одговор што се случи со него.
Слично
