Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИСТЕРИЈА: Во село некој остава коверти со пари на граѓаните

МИСТЕРИЈА: Во село некој остава коверти со пари на граѓаните

Робин Худ им остава коверти со пари на жители во шпанско село.

Мештаните во ова село добиваат коверти со пари во поштенските сандачиња или под вратите, а не знаат од кого се. Локалните весници веќе го нарекуваат „Робин Худ“.

Градоначалникот на Виљарамиел,  Нурија Симон вели дека минатата седмица, 15-тина лица од вкупно 800 жители на селото, добиле по сто евра во коверт.

„Сите сме збунети и во очеквање да дознаеме кој е добродетелот. Вдовица, којашто живее со син ѝ, двојки со мали деца, повозрасни брачни двојки, двојки на средна возраст без деца… Нема некоја поврзаност меѓу избраните „добитници“ – изјави градоначалникот.

Некои од нив отишле в полиција или в банка, за да проверат дали банкнотите се вистински. Се покажало дека се вистински.

Властите велат дека во овој случај, не е извршен никаков прекршок.

Слично

Поврзани вести