Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИСТЕРИЈА: Исчезна грчкиот амбасадор во Бразил, а потоа е најдено запалено тело

МИСТЕРИЈА: Исчезна грчкиот амбасадор во Бразил, а потоа е најдено запалено тело

Полицијата во Рио де Жанеиро пронајде труп во изгорен автомобил, за кој се сомневаат дека е на грчкиот амбасадор во Бразил, кој исчезна пред три дена.

Киријакос Амиридис (59) го изнајмил тој автомобил, а пред три дена од Бразилија тргнал да ги прослави новогодишните празници на Копакабана, по што му се губи трага.

Последен пат е виден во предградие на Рио, каде е пронајдено и неговото возило.

Mала е веројатноста грчкиот амбасадор да бил киднапиран, затоа што не бил побаран откуп.

Степенот на криминал во бразилската престолнина е висок, а насилните инциденти се чести, посебно во периодот меѓу Божик и Нова година. 

Амиридис бил поставен за амбасадор во Бразил оваа година, а од 2001 до 2004 година бил генерален конзул на Грција во Рио де Жанеиро. 

Тој беше и амбасадор во Либија од 2012 до 2016 година. Оженет е и има една ќерка.


Слично

Поврзани вести