Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИСЛАМ ДЕКА Е ПОСООДВЕТНО АКО ОТИДАМ ТАМУ КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ - Трамп после инаугурацијата ќе ја посети опустошената од пожарите Калифорнија

МИСЛАМ ДЕКА Е ПОСООДВЕТНО АКО ОТИДАМ ТАМУ КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ - Трамп после инаугурацијата ќе ја посети опустошената од пожарите Калифорнија

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој силно го критикуваше одговорот на државата Калифорнија на разорните шумски пожари во Лос Анџелес, рече дека најверојатно ќе ја посети областа следната недела по неговата инаугурација.

Во пожарите загинаа 27 луѓе и уништија повеќе од 10.000 објекти во станбените населби Палисадес и Алтадена на Пацификот. „Ќе одам таму, веројатно, на крајот на неделата“, изјави Трамп во интервју за телевизијата NBC.

„Требаше да одам вчера, но мислев дека ќе биде подобро да отидам како претседател. Мислам дека е посоодветно.

Ги критикуваше демократските лидери во Калифорнија

Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом минатата недела го покани Трамп да ја посети погодената област, велејќи дека луѓето „не треба да политизираат човечка трагедија или да шират дезинформации од страна“.

Додека беснееше пожарот, Трамп побара оставка од Њусом, тврдејќи дека неговата политика предизвикала недостиг на вода што го спречува пожарот да се изгасне. Њусом рече дека тие наводи се неосновани.

Слично

Поврзани вести