Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Мишелин“ со раст на профитот од 7,5%

„Мишелин“ со раст на профитот од 7,5%
Францускиот производител на гуми „Мишелин“ минатата година ја заврши со раст на профитот од 7,5%, наспроти проблемите на пазарот за автомобили во Европа. Како што соопштија од компанијата, и оваа година се очекува исто успешна продажба. „Добрите резултати се благодарение на растот на продажбата на пазарите во развој и високите маржи на некои посебни видови пневматици„ наведуваат од „Мишелин“. Компанијата во 2012 остварила приходи од 21,47 милијарди евра, што е за 5,8% повеќе во однос на 20,72-те милијарди од 2011, но и нешто под очекувањата на аналитичарите од 21,62 милијарди.
Слично

Поврзани вести