Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мишел стравува дека со распоредување авиони над Украина ќе предизвикаат Трета светска војна

Мишел стравува дека со распоредување авиони над Украина ќе предизвикаат Трета светска војна

Распоредувањето на борбени авиони над Украина „во сегашните околности“ може да се смета за „влегување на НАТО во војната и со тоа ризикување на Трета светска војна“, изјави претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел во интервју за јавната телевизија Франс Интер.

Мишел негираше дека економските санкции против Русија претставуваат „војна на ЕУ или НАТО против Русија“.

Украинскиот претседател Влодомир Зеленски неколку пати ги повика земјите на НАТО да го запрат рускиот напад врз неговата земја со воведување зона на забранети летови. Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека економските санкции на Западот поради неговата инвазија над Украина се еднакви на „објавувањето војна“ на Москва.

Во Украина станува се полошо. Секој ден гинат цивили.  Путин не отстапува од своите барања, и вели дека кога тие ќе се исполнат, војната ќе заврши. Со него разговараа турскиот колега Реџеп Таип Ердоган и францускиот Емануел Макрон. 

Слично

Поврзани вести