Мирот во Украина на стаклени нозе
Мирот прогласен на истокот од Украина го почитуваат и украинската војска и проруските бунтовници, но прговорите на двете страни нема денеска да се одржат во Минск.
Известувачи за Франс прес и очевидци велат дека примирјето се почитува, иако утрово од седум правци на Доњецк се слушнало силно бомбардирање. Украинскиот претседател Петро Порошенко исто така истакнал дека примирјето се почитува. Портпаролот на украинската војска, како што јавува агенцијата АП рекол дека постапуваат во согласност со еднодневното мирување кое го предложил Порошенко.
Бунтовничките лидери рекле дека се сложиле со условите на примирјето. Прекинот на борбите е нов обид на оживување на мировните преговори, започнати од почетокот на септември, после секое кршење на примирејто. Порошенко неодамна најави дека новата рунда мировни преговори на Украина и Русја и ОБСЕ денеска ќе бидат одржани во главниот град на Белорусија, Минск. Како што дознава Франс прес, преговори денеска во Минск нема да има, а уште не е одреден новиот датум.
„Денеска нема да има ништо“, рекол за Франс прес портпаролот на украинското министерство за надворешни работи Евгениј Перебјинис.
Запрашан за новиот датум за преговори, портпаролот само рекол дека се „продолжуваат консултациите“. Властите во Доњец соопштиле дека две лица загинале во тој градот кој е под контрола на бунтовниците, и дека се оштетени повеќе од 20 стамбени згради. Во текот на седум месечни судири во Украина според ОН загинале повеќе од 4300 лица, а повеќе стотици се избегани.
Слично
