МИРЈАНА ОД ХРВАТСКА ГИ СПАСИ ПРВИТЕ ЗАЛОЖНИЦИ ОД ХАМАС ВО ГАЗА: Ја огранизирала целата спасувачка акција, сите детали се чувале во тајност
Мирјана Шпољариќ
Егер, Хрватка од Швајцарија, го организирала спасувањето на мајката и ќерката
Натали и Џудит Ранан, кои беа заложници на Хамас.
Шпољариќ Егер, претседателката на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, прво ги примила во Женева членовите на семејствата на заложниците на Хамас, а потоа тајно организирала спасување на американските граѓани.
Црвениот крст успешно ја спроведе целата операција на спасување и транспорт на заложниците.
- Ослободувањето на мајката и ќерката во Газа е трошка надеж. Среќни сме што членовите на семејството можат повторно да се соберат по две недели агонија. Ќе продолжиме да правиме се што можеме за да ги олесниме страдањата на цивилите во овој страшен конфликт. Посредувавме како неутрална страна. Нашата улога беше да ги транспортираме од Газа до Израел. Ќе продолжиме да инсистираме на ослободување на сите заложници и на секој можен начин да им помагаме на нив и на нивните семејства. Ги повикуваме и сите страни да го прекинат конфликтот бидејќи ситуацијата во Газа е очајна. Подготвени сме веднаш да доставиме хуманитарна помош до луѓето. Ве молиме пуштете ги нашите луѓе во Газа - рече Шпољариќ Егер во обраќањето на Твитер профилот на Црвениот крст.
The release of the two hostages today is a sliver of hope.
— Mirjana Spoljaric (@ICRCPresident) October 20, 2023
⁰Remaining hostages must be immediately released. We are ready to help.
⁰We urgently call for a pause in the fighting in Gaza.
People cannot be kept waiting for desperately needed aid. pic.twitter.com/8sIqlb5XAq
По ослободувањето се огласија таткото и поранешниот сопруг на киднапираните американски државјани.
- Јас сум татко на Натали Ранан и поранешен сопруг на Џудит Ранан. Го чекав ова многу долго време. Не спиев скоро две недели. Одам да спијам денес. Само што разговарав со ќерка ми Натали. Таа звучеше многу добро. Беше среќна и едвај чека да си оди дома. Џудит ми кажа дека има гребнатинка на раката, но дека тоа не е ништо сериозно. Зборував со Џо Бајден претходно и му се заблагодарив. Следната недела и е роденден на Натали и сите заедно ќе го славиме кај мене - изјави Ури Ранан.
Лошата здравствена состојба на неговата поранешна сопруга, американско-израелската државјанка Џудит, го спаси нејзиниот живот и животот на нејзината ќерка Наталија. Затоа тие две беа првите кои беа ослободени од двестете заложници кои две недели се заробени од Хамас.
