Миранда од „Сексот и градот“ влегува на политичката сцена на САД
Синтија Никсон или познатата Миранда Хобс од серијата „Сексот и градот“, на твитер објави дека ќе се кандидира за гувернер на Њујорк.
„Го сакам Њујорк и денес ја најавувам своајта кандидатура за гувернерка“, објави Никсон преку видео снимка.
Никсон додаде дека е прогресивна активистка која се гандидира за гувернерската позиција во борба за подобар, порамноправен Њујорк.
Инаку таа е роднина на поранешниор птеседател на САД, Ричард Никсон.
„Мислам дека на водечките позиции треба да бидат повеќе луѓе кои не се белци, повеќе жени и повеќе припадници на ЛГБТ популацијата“, изјави Никсон.
Слично
