МИР-19 ПРОТИВ КОВИД-19: Русија произведе и регистрираше лек против корона вирусот
Министерството за здравство на Русија регистрираше нов лек против
Ковид-19, МИР-19, кој го изработи Медицинско-биолошката агенција, соопштија
денеска претставници на институцијата.
– На 22 декември 2021 година, руското Министерство за здравство го регистрираше првиот лек, МИР-19 против инфекција со коронавирус, се вели во соопштението на агенцијата.
„Првата фаза од клиничките испитувања покажа дека лекот е безбеден, завршувањето на втората фаза ја покажа високата проверлива предност на овој препарат во споредба со стандардната терапија, односно неговата предност во однос на постоечките лекови против Ковид-19.
Лекот Мир-19 е наменет за превенција или третман на инфекција со коронавирус преку вдишување или интраназална апликација. Ја спречува репликацијата на вирусот и ги спречува најтешките форми на развој на инфекција со коронавирусот, како и пневмонитис и синдром на акутен респираторен дистрес, наведува Тасс.
Лекот е развиен од Институтот за имунологија при државната медицинско-биолошка агенција на Русија, а директорот Муса Каитов месец дена пред да биде регистриран изјави дека цели две години, односно од декември 2020 научниците работеле на создавање на формулата за Мир-19.
ФОТО:YouTube-print screen