МИОКАРДИТИС ПО ПРИМЕНА ВТОРА ДОЗА ОД ФАЈЗЕР: Израел испитува неколку случаи
Израелските здравствени
власти истражуваат десеттици појави на воспаление на срцевиот мускул кај
граѓани откако ја примиле втората доза од вакцината на компанијата
Фајзер/БионТек. Станува збор за помлади луѓе на возраст до 30 години.
– Во земјата се истражува мал број случаи на појава на миокардитис, односно воспаление на срцевиот мускул кај луѓе кои примиле вакцина на Фајзер против Ковид-19, но сè уште немаме заклучоци, соопштија од Министерството за здравство на Израел.
Според израелскиот координатор на Националниот кризен штаб, Нахман Аш, прелиминарната студија што веќе ја направиле покажува дека во Израел од повеќе од 5 милиони луѓе кои ја примиле и вртората доза од вакцината Фајзер, има десетици појави на миокардитис кај помладата популација. Тој истовремено тврди дека се уште нема податоци дали ова е поврзано со со вакцината.
Од компанијата Фајзер велат дека не е забележана поголема стапка на ова заболување отколку што обично се очекува кај општата популација.
