МИНСК: Се постигна договор за прекин на огнот!
Владимир Путин рекол дека е постигнат договор во Минск. Од 15 февруари би требало да започне прекинт на огнот и повлекување на тешкото вооружување, јавуваат агенциите.
-10:20- Постигнавме глобална спогодба за прекин на огнот и политички договор за украинската криза, рекол Франсоа Оланд.
-10:30- Порошенко вели дека сите заложници ќе бидат пуштени во наредните 19 дена, пренесува Ројтерс.
Францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел, и претседателите наРусија и Украина имаа неколку рунди разговори зад затворени врати, прво сами, потоа со соработниците и на крај повторно во четири очи.
„Има надеж дека спогодбата би можела да ја потпише Контакт групата“, на состанокот во Белорусија во петок, наведуваат неименувани дипломатски извори.
Таа нова спогодба би се однесувала „конкретно спроведување на спогодбата од Минск од 5 септември“, наведуваат дипломати.
Контакт групата а Украина, која ја сочинуваат претставниците на Украина, Русија, ОБСЕ и на која се повикани и претставници на сепаратистите, ќе се состанат утре во Минск.
Украинските власти и проруските бунтовници постигнаа на 5 септември во Минск спогодба за прекин на огнот. Со меморандум од 19 септември тоа е едниствена спогодба која е потпишана од почеток на судирите на истокот на Украина во кои загинале повеќе од 5 300 лица.
Истовремено, според извештаите на терен, на истокот од Украина борбите продолжуваат. Четити цивили во последните 24 часа загинале од артилериски истрели во Доњрцк и загинале најмалку 19 украински војници.
