Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министрите за финансии од ЕУ не постигнаа договор за банките-вонредна седница во среда

Министрите за финансии од ЕУ не постигнаа договор за банките-вонредна седница во среда

Францускиот министер за финансии Пјер Московиси изјави дека министрите за финансии на земјите од ЕУ не успеаја да постигнат согласност како најдобро да се реши прашањето за банките, без да има потреба даночните обврзници да ги спасуваат кредиторите.

Тој нагласи дека, иако преговорите траеле до раните утрински часови, министрите останале на различни ставови за клучните прашања и дека ќе биде одржана вонредна седница во среда.

Министрите требаше да дефинираат нови правила за редот, по кој инвеститорите и кредиторите ќе треба да плаќаат за реструктуирање на банките.

Некои земји барале пофлексибилна примена на правилата. Други биле против, стравувајќи дека тоа ќе предизвика нов дебаланс меѓу послабите и посилните економии.

Московиси изрази увереност дека идната недела министрите ќе постигнат договор.

Според дипломатски извори Германија и Холандија биле меѓу земјите, кои го попречувале постигнувањето на договорот, настојувајќи да нема голема флексибилност во спроведувањето на правилата.

Пред средбата во Луксембург слична позиција изразија и Австрија и Европската централна банка.

Според аналитичарите постои опасност доколку во брзо време не биде постигнат договорот по ова прашање, можно е да нема доволно време да се заврши законодавниот процес пред изборите за Европскиот парламент идната година.

Слично

Поврзани вести