Министерството за одбрана на Русија: Американска ракета со истечен рок го погоди храмот Света Софија
Министерството за одбрана на Русија тврди дека ракета од американскиот противвоздушен ракетен систем „патриот“ го погодила комплексот на Киевско-печерската лавра. Како што објави руското Министерство за одбрана, една од причините за дефектот на системот „патриот“ може да биде испораката на ракети со истечен рок на употреба од страна на Западот.
При вчерашното бомбардирање на комплексот Киевско-Печерска лавра, погоден е Храмот Успение на Света Софија (наречен Големата црква), изграден во 11 век, инаку место на светското наследство на УНЕСКО под засилена заштита со Вториот протокол кон Хашката конвенција од 1954 година а од 2017 година признат како едно од седумте светски чуда на Украина).
„Според потврдените податоци, комплексот на Киевско-печерската лавра бил погоден од ракета од американскиот противвоздушен ракетен систем „патриот“. Една од причините за дефектот на овој систем може да биде тоа што западните земји испорачале ракети со истечен рок на употреба до режимот во Киев“, соопшти воениот оддел, според руската државна новинска агенција Тасс.
