Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерка за здравство под критика на јавноста: „Премногу е дебела за функцијата!“

Министерка за здравство под критика на јавноста: „Премногу е дебела за функцијата!“
Додека некои политичари се на удар на јавноста заради својата корумпираност или неспособност, белгиската министерка за здравство Меги Де Блок е првата која се соочи со критики затоа што има премногу килограми. Таа е најпопуларната белгиска политичарка, на која и се предвидуваше дури и премиерската позиција, но ги изненади сите кога одлучи да се зафати токму со ресорот здравство. Имено, многумина сметаат дека 52-годишната жена која тежи преку 127 килограми не може да биде добар пример во земја во која прекумерната тежина е еден од најголемите здравствени проблеми. Критиките ги започнале неколкумина новинари, кои изразиле сомневање дека е соодветна за позицијата и истакнале дека нејзината „очигледна дебелина ќе предизвикува само потсмев“. Но министерката која цели 25 години работела како лекар во општа пракса ги отфрла критиките. „Знам дека не сум модел, но мора да гледате што има внатре, не само амбалажата“, вели таа. Според податоците на Светската здравствена организација од 2008 година, вкупно 47% од возрасната популација во Белгија има проблем со прекумерната телесна тежина. Во претходната белгиска Влада Меги Де Блок беше министерка за имиграција и во јавноста добиваше само пофалби затоа што успеа бројот на баратели на азил во оваа земја речиси да го преполови.
Слично

Поврзани вести