Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО НАПИШАЛА: Министерка поднесе оставка поради објава на Фејсбук

ШТО НАПИШАЛА: Министерка поднесе оставка поради објава на Фејсбук

Министерката за правда во Норвешка, Силви Листауг, поднесe оставка поради своја објава на Фејсбук дека опозициската Лабуристичка партија е повеќе заинтересирана за заштита на правата на терористите отколку за норвешкиот народ. 

Информацијата за оставката ја објавија норвешките медиуми.

Тоа е многу чувствителна тема за лабуристите затоа што тие сè уште не се соземале од нападот на ултрадесничарот Андерс Брејвик во 2011 година, кој пукаше во подмладокот на Лабуристичката партија во летен камп на островот Утоја, убивајќи 69 луѓе.

Листуаг, откако предизвикала лутина со објавата на Фејсбук,  ја избришала спорната изјава и се извинила. Опозициските партии рекоа дека министерката не била искрена и дека треба да поднесе оставка.

Слично

Поврзани вести