Министер од Малта го номинираше Трамп за Нобеловата награда за мир, објасни и зошто
Министерот за надворешни работи на Малта, Иан Борг, денеска го номинирал американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир.
Борг го наведе успехот на Трамп во мировните преговори меѓу Ерменија и Азербејџан и неговите напори за прекин на војните на Блискиот Исток и Украина.
„Му предадов на американскиот претседател писмо што го напишав во мое име, во кое го информирав дека, како и многу други, го номинирав за Нобелова награда за мир“, рече тој, според Ројтерс.
Рокот за номинации секоја година за наградата е 31 јануари.
Добитникот на Нобеловата награда за мир за 2025 година ќе биде објавен утре.
Лидерите на Азербејџан и Ерменија потпишаа договор во Белата куќа во август за прекин на деценискиот конфликт, што Трамп го поздрави како „историски“ чекор.
Израел и палестинската милитантна група Хамас потпишаа договор за прекин на огнот и ослободување на израелските заложници во замена за палестински затвореници, првата фаза од иницијативата на Трамп за прекин на војната во Газа.
