МИНИСТЕР МОНСТРУМ ВО ПАКИСТАН: Дома имал приватен затвор, со години мачел луѓе
Министер во Пакистан дома имал приватен затвор.
Полицијата открила распарчени тела на жена и нејзините два сина во вреќи во бунар во близина на куќата на политичарот. Жртвите се идентификувани како Гиран Наз (40) и нејзините синови Мохамад Наваз (22) и Абдул Кадир (15). Се работи за сопругата и синовите на Кан Мухамед Мари. Човекот тврди дека министерот го држел неговото семејство во заробеништво во приватен затвор речиси четири години. Раскажа дека неговите пет други деца, сè уште се во приватниот затвор на министерот. Екс пакистанскиот премиер Имран Кан го осуди чинот.
„Најостро го осудувам незаконското затворање, физичкото малтретирање и убиството на сиромашна жена и нејзините деца во приватниот затвор на Сардар Абдул Рехман Кетран“, напиша тој на Твитер.
Сардар Абдул Рехман Кетран, министер за комуникации и работи на провинцијата Белучистан ги отфрли обвинувањата и рече дека тие се дел од заговор.
