Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИНИБУС ПОЛН СО УЧЕНИЦИ ПАДНА ВО ПРОВАЛИЈА, 11 ЗАГИНАА: Сликите од трагедијата го обиколија светот

МИНИБУС ПОЛН СО УЧЕНИЦИ ПАДНА ВО ПРОВАЛИЈА, 11 ЗАГИНАА: Сликите од трагедијата го обиколија светот

Најмалку 11 лица загинаа, а 29 се повредени откако училишен автобус излетал од патот и паднал во застрашувачка провалија во индискиот дел на Кашмир, во северна Индија. Девет ученици починале на лице место, а двајца им подлегнале на повредите во болница.

Не се знае причината зошто автобусот со 40 патници излетал од патот и се спуштил во стрмната клисура, но истрагата е во тек.

Трагичните вести од улиците за жал се вообичаени во Индија. Минатиот месец автобусот падна во река, при што загинаа шест лица, а десетици беа повредени. Патем, секоја година во Индија стотици илјади луѓе умираат во сообраќајот. Постојат три причини за тоа - лоши патишта, неисправни возила и несовесно возење.

ФОТО: Twitter

Слично

Поврзани вести